Во натпреварот од групата Б од женскиот куп, Скопје и’ гостуваше на Гевгелија во скандалозен натпревар.
Двете екипи се обидоа да го загубат натпреварот кој заврши со победа на гостите од 17:16.
Во второто полувреме двете екипи постигнаа само по седум гола, а на крајот ракометарите намерно промашуваа голови, па дури си постигнаа и автоголови.
Судиите најпрво го прекинаа натпреварот, но по консултација со делегатот дозволија да продолжи.
ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
На страната на „Женска ракометна Македонија“ на социјалната мрежа „Фејсбук“ се наведува дека екипите сакале да загубат за да го избегнат натпреварот против екипата на Ѓорче Петров против која не би имале многу шанси и на тој начин да заштедат пари.
По средбата реагираше министерот за спорт, Борко Ристовски, кој на телевизија изјави дека во понеделник двете екипи ќе ги загубат спортските лиценци.