СКАНДАЛ ВО СЛОВЕНИЈА! Група ученици вакцинирани со погрешна вакцина против тетанус – децата сега повторно се повикуваат да ја примат ‘вистинската’

Здравствениот дом во Словенија – Бистрица, денеска соопшти дека минатата есен по грешка била дадена погрешна вакцина против тетанус на група ученици кои имале редовен систематски преглед.

Грешката е откриена дури неодамна, а наместо активната вакцина која трае до 10 години, учениците добиле пасивна заштита од тетанус инфекција која трае само неколку месеци, пишува веб-порталот 24ur.

Според извештаите, грешката нема никакви последици за примателите на вакцини.

По внимателно испитување и анализи дојдовме до заклучок дека инцидентот нема никакви последици по здравјето на луѓето. Се извинуваме за инцидентот“, објасни директорката на Здравствениот дом Бистрица, Уршка Седмак.

За грешката се известени и Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ), Министерството за здравство и сите надлежни институции.

Според упатството на НИЈЗ, и покрај добиената доза, учениците мора да ја примат и соодветната доза од вакцината против тетанус, предвидена во годишната програма за вакцинација.

Според извештаите, учениците се поканети да се вакцинираат следната недела повторно.

Словенија