Учениците од третa година на Градежното, Природно-рударското средно училиште во Вараждин биле изненадени кога во понеделникот наутро на вториот час полицијата пристигнала во нивното училиште и побарала тројца нивни другари да одат со нив.
Хрватски Јутарњи лист објави дека овие тројца, на возраст меѓу 16 и 18 години, со страв го послушале барањето . Полициските службеници од полициската управа Вараждин ги однеле во друга просторија, каде веќе биле пристигнати нивните родители и адвокатите .
Се наведува дека тројцата се осомничени за консумирање дрога за време на часовите, поточно амфетамин .
Во официјалниот медиумски извештај, полицијата од Вараждин наведува дека 18-годишникот доброволно им предал на полициски службеници проѕирна ПВЦ кеса со бела прашкаста-гумена материја налик на амфетамин со тежина од 1,4 грама, една бела гумена материја налик на амфетамин со тежина од 6,7 грама и една дигитална прецизна вага и мобилен телефон .
Службениците на полициската управа Вараждин во понеделникот извршиле претрес и во станот и другите простории што ги користел 16-годишникот, кој пред претресот доброволно им предал суво зелено гранче слично на гранка од индиски коноп, проѕирна кеса со сушено зелено растителна материја слична на марихуана со вкупна тежина од 1,8 грама и еден мобилен уред .
Истиот ден, од страна на СВР Вараждин, по наредба на Општинскиот суд во Вараждин, извршен е претрес во станот и другите простории што ги користел 17-годишникот, кој пред претресот доброволно им предал ПВЦ кеса со бела прашкаста материја слична на амфетамин со вкупна тежина од 0,5 грама и мобилен уред .
– Сите запленети материи ќе бидат испратени на вештачење, а сторителите ќе одговараат за прекршоци – соопштија од полициската управа Вараждин .