Очајна атмосфера владее во Манчестер Јунајтед. Славниот англиски клуб катастрофално ја отвори новата сезона. „Црвените ѓаволи“ во саботата го претрпеа третиот пораз сезонава, бидејќи на домашен терен загубија од Брајтон со резлутат од 1:3.
Гостите поведоа во 20. минута со голот на Дани Велбек, на 2:0 зголеми Паскал Грос во 53. минута, а Жоао Педро во 71. минута ги доведе гостите до предност од три гола.
Конечниот резултат го постави Ханибал Мабри во 73. минута со удар од околу 20 метри.
Манчестер Јунајтед има само шест бода и се наоѓа на мизерното 13. место на табелата и атмосферата во клубот е страшна.
Англиските медиуми открија дека по поразот од Брајтон дошло до инцидент и во соблекувалната. Капитенот Бруно Фернандес и Скот Мектомини наводно се судриле први. Шкотланѓанецот играше од првата минута и не се прослави, па капитенот Бруно Фернандес го нападнал во соблекувалната.
Подоцна дошло до расправија и меѓу Лисандро Мартинез и Виктор Линделоф.
Ситуацијата набрзо се смирила, но јасно е дека односите се нарушени и дека Манчестер Јунајтед е во сериозна криза пред гостувањето кај Баерн Минхен во Лигата на шампионите.