Искусниот аргентински фудбалер Папу Гомез е суспендиран на две години од фудбалот поради користење недозволени супстанци.
Оваа вест ја објави весникот Relevo, а наведуваат дека победникот на Светското првенство во Катар бил позитивен додека го носел дресот на Севиља.
Овој случај се случи во ноември 2022 година, пред да оди на Мундијалот со Аргентина, играчот од средниот ред се бранеше дека недозволената супстанца ја внесе во телото преку сирупот на неговите деца, бидејќи му беше лошо.
Поранешниот капитен на Аталанта летово ја напушти „Андалузија“ и потпиша за Монца, но се чини дека Папу Гомез нема да игра уште многу и се наѕира крајот на неговата кариера бидејќи има 35 години.