Светот на тенисот бруи за ужасниот потег на шампионката.
Чешката тенисерка Петра Квитова победи на Мастерсот во Мајами , откако во финалето ја совлада Елена Рибакина , но и покрај големиот успех, нејзиното име деновиве се користи во негативен контекст.
За време на прославата е виден инцидент, а се појави и видео кое потврдува се!
По триумфот, Квитова замина да слави со својот тим, а имаше и мало девојче со нејзината мајка.
Девојчето сакала автограм на розово тениско топче, а Петра само замавнала со раката, пред еден од членовите на тимот на Квитова да ја оттурне со рака.
Ова е навистина многу непрофесионално и арогантно однесување на една Чехинка која како мало девојче сигурно со часови го чекала потписот на својот идол .
Навивачите жестоко ја критикуваа на социјалните мрежи, а како контра пример го наведоа Новак Ѓоковиќ , кој секогаш трпеливо дава автограми и им дели „сувенири“ на насобраните деца по напорните натпревари.
Многумина се прашуваа што навистина би се случило доколку Новак направи гест сличен на овој…