Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Белград, Кристофер Хил денеска повторно ја навреди земјата – домаќин со порака дека Србите треба да го преболат фактот што Косово е независна држава.
Хил, на безбедносната конференција во Белград, директно и без дипломатска тактика и размислување, уште еднаш се залагаше за расцепување на територијалниот интегритет на Србија, според ставот на српските медиуми.
– Луѓето велат дека Србија едноставно треба да разбере дека Косово е независна држава, да го преболи и да продолжи понатаму. Би сакал и таа да го направи тоа, но факт е дека проблемот е многу покомплексен – изјави Хил.
Секако, амбасадорот не пропушти да повтори дека настаните во Бањска на 24 септември се исклучиво по вина на Србите.
-Како прво кон решавање на проблемот мораме навистина да ги бараме одговорните одговорните за тоа што се случи, за да не се повтори – рече амбасадорот учесник на панелот „Западен Балкан во глобален (не)ред.
Тој изјави дека вториот чекор ќе биде да се смири ситуацијата на северот на Косово и потоа да се најде политичко решение.
– Важно е САД и ЕУ заеднички да се обидат да ги решат проблемите на Западен Балкан. Косово сè уште е многу тежок проблем со причина – рече тој.