Скандал ја тресе Хрватска! Тинејџери ја фотографирале нивната другарка гола: Слики од нејзините гради и половиот орган се наоѓале во нивните телефони

Миро и Лео се осудени на затворски казни бидејќи ја фотографирале својата пријателка гола во нејзиниот стан додека таа била во несвест.

Според кривичната наредба, на крајот на ноември околу 5 часот во Бјеловар, во станот во кој живееле заедно со нивната пријателка, со неовластено снимање извршиле кривично дело против нејзината приватност.

„Откако ја пронашле девојката онесвестена на подот во бањата, ја подигнале од подот и ја ставиле на креветот, а потоа и’ ја соблекле кошулата, панталоните и долната облека.

После тоа, без нејзина дозвола, со мобилниот телефон на Лео и’ ги фотографирале голите гради и гениталии. Поради тоа неовластено ја фотографирале и на тој начин и’ ја нарушиле приватноста“ , стои во кривичната наредба што против нив ја издаде државното судство.

По таа наредба се прогласени за виновни Миро (27) и Лео (24) и осудени на условна затворска казна од осум месеци. Полицијата добила наредба да му го врати одземениот телефон на Миро а Лео трајно останал без својот телефон со кој фотографирал гола девојка.

Со оглед на описот на злосторството, се чини дека фотографиите не се испратени или достапни на други лица. Да го сторат тоа, квалификацијата на делото би била поинаква, а казната веројатно би била построга.