Со проучување на генетиката на еден антички Римјанин, закопан во британскиот Јорк, истражувачите откриле дека луѓето од скандинавско потекло биле во областа на денешна Велика Британија многу пред Англосаксонците или Викинзите.
Имено, истражувачите кои проучувале човек кој се претпоставувал дека бил римски војник или можеби дури и гладијатор, а кој живеел помеѓу 2 и 4 век, откриле дека 25 отсто од неговото потекло е од Скандинавија.
Откритието е дел од големата студија со нов пристап во античката ДНК анализа, обезбедувајќи нов увид во миграциите низ Европа во првиот милениум. Напредокот во екстракцијата и анализата на ДНК овозможи да се проучуваат различни групи, како што се неандерталците или современите луѓе.
Сепак, новиот пристап е поголем предизвик кога се анализираат генетски слични групи, како оние што живееле во различни делови на Европа во првиот милениум.
Истражувачите, исто така, можеа да стекнат нови сознанија за миграциите на германските групи на почетокот на првиот милениум, откривајќи најмалку два бранови на миграција од северна Германија или Скандинавија кон западна, централна и источна Европа. Но, истражувачите беа изненадени кога пронајдоа докази за подоцнежна миграција во спротивна насока.
Студијата се занимавала и со миграцијата на Викинзите од Скандинавија, а во таа прилика било утврдено дека многу луѓе, пронајдени во две масовни гробници од времето на Викинзите во Велика Британија, имале генетски состав типичен за луѓето на југот на Скандинавија за време на ерата на Викинзите, пишува весникот Гардијан.