Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, го поминува летото во Хрватска, за што пишувавме претходните денови, а сега се појави нова фотографија од него со некои од најголемите лица на европскиот и светскиот фудбал.
Имено, тој беше фотографиран на плажа во Хрватска како ужива во друштво на Лука Модриќ, најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња. Со нив беше и хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ, како и претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.
Лука Модриќ го напушти Реал Мадрид по повеќе од една деценија, и ќе ја продолжи кариерата во Милан, додека Ковачиќ моментално е фудбалер на Манчестер Сити, а двајцата веќе се на одмор во својата татковина.
Блискоста на Новак со хрватските фудбалери Лука Модриќ и Матео Ковачиќ дополнително го зголеми интересот за оваа дестинација, која сè повеќе се промовира преку комбинацијата на природа и луксуз.