“СКАПОЦЕНО…“ – Што им подари Владимир Путин на војниците во Украина !? Претседателот на Русија за Велигден ги изненади трупите во Херсон со икона од Руската Империја (фото/видео)

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес ненадејно го посети командниот центар на оперативната група „Восток“ во областа Херсон, Украина.

Посетата била извршена во најголема тајност, а Владимир Путин со хеликоптер слетал во големата воена база каде што се сретнал со припадниците на Воздухопловните сили.

Владимир Путин се запознал лично од теренот со ситуацијата на фронтот, разговарал со командниот штаб, а детален извештај му доставил командантот на Воздухопловните сили, генерал-полковник Михаил Теплински и командантот на оперативната група Днепар, генерал-полковник Олег Макаревич.

Владимир Путин им го честиташе Велигден на војниците, а вниманието на јавноста го привлече видеото на кое претседателот на Русија на високи руски офицери им подарува икона, за која кажал дека му припаѓа на еден од најуспешните министри за одбрана на Руската Империја.

Ова е едно од светилиштата на руските вооружени сили, икона чиј сопственик бил еден од најуспешните министри за одбрана на руската армија во XIX век. Ова е копија, има уште една копија и оригиналот“, им кажал Владимир Путин.

Патем, тоа е икона на Спасителот „Спас Нерукотворни“, која му припаѓала на министерот за војна на Руската Империја, Петар Семјонович Вановски.

Петар Семјонович Вановски го предводеше военото министерство под рускиот император Александар III Романов и во првите години од владеењето на Николај II Романов.

Владимир ПутинвојнаРусијаУкраина