Пратеникот Скендер Реџепи соопшти дека синоќа е формиран огранок на „Народно движење“ во општина Чаири. Вели дека тие ќе бидат гласот за сите потреби и надежи за поинаков Чаир.
„Ви благодариме на поддржувачите од општина Чаири, што ни тешките времиња не ве спречија да не почестите со вашето масовно присуство во формирањето на огранокот на „Народно движење“ за општина Чаири. Вашата чест е обврска за мене и за новоизбраниот шеф на огранокот, мојот пријател Онур Али, да ја наградиме оваа ваша чест со ветување дека ќе бидеме вашиот глас за сите ваши потреби и надежи за поинаков, подобар Чаир и посовремен“.
„Исто така, на Онури му посакувам многу успех на почетокот на неговото политичко патување. Заедно ќе го постигнеме секој успех. Господ да ја благослови нашата цел и цели“, напиша Зејди.
Како пратеник во Собранието на РСМ беше избран од партијата Алтернатива, но поради незадоволство сега настапува како независен пратеник.