Уапсен Скопјанец кој бил фатен при обид за кражба на мобилни телефони

На автобуска постојка на подрачје на Центар, вчера, околу 14.05 часот, од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар е лишен од слобода Ф.С. (53 г.) од Скопје кој бил фатен за време на извршување на кривично дело „кражба“,  казниво по член 235 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР, Ф.С. одзел мобилен телефон од Г.К. (63 г.) од Скопје, но веднаш бил фатен од полициски службеници, а телефонот и е вратен на оштетената.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

кражбаМакедонијаМВРСкопје