Скопјанка измамена од ,,лажен” полицаец, ѝ одзел 3200 евра

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера 75-годишна жена пријавила дека била измамена од лице кое, според неа, лажно се претставувало како полицаец. Тој ја излажал дека нејзината ќерка доживеала сообраќајка, додека побарал 3200 евра за да ја спаси од затвор.

Според пријавата, жената ги предала парите, додека сфатила дека била измамена откако разговарала со сопругот на нејзината ќерка.

„На 28.01.2025 година во 17:30 часот во СПБ-Скопје, 75-годишна скопјанка пријавила дека била измамена од физичко лице за сума од 3.200 евра. Според пријавата, лицето и’ се јавило, се претставило како полицаец и и’ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода каде удрила дете и дека доколку не сака таа да оди во затвор, ќе мора да плати. Наводно, таа ги подигнала парите од банката и ги оставила на договорената локација и откако разговарала со зетот, сфатила дека е измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.