Утринските мерења покажуваат дека жителите на Скопје дишат најзагаден воздух во Европа, додека главниот град е на 18-то место во светот, според податоците на „ IQAIR “ .
Скопје е во друштво на Делхи, Пакистан и Бангладеш со висока смртоносна загаденост.
ПМ честичките се неколку дена над дозволената граница. Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова истакна дека јавните институции треба да преминат на еколошки систем за греење.
Надлежните постојано појаснуваат дека нема итни мерки кои ќе го расчистат воздухот.
Освен Скопје, другите градови во РМВ како Тетово, Гостивари, Струмица се градови со загаден воздух, проблем кој станува посериозен во текот на зимската сезона.