„Скопје мора да ја научи лекцијата“, коментираше пред новинарите претседателот на Бугарија, Румен Радев. Тој додаде дека Република Северна Македонија се враќа на изодениот пат – да лобира во европските метрополи и кај европските институции, со цел да го прикрие кршењето на човековите права, недостигот на реформи и подготвеноста за почеток на преговорите за членство.
Според Румен Радев, тоа не е вистинскиот начин. „Во моментов, лобирањето повторно е интензивирано, но Бугарија ќе продолжи интензивно да работи со сите европски институции, со нашите европски партнери, така што одлуките за Република Северна Македонија да не се засноваат на лобирање, што го крие недостигот на реформи и длабокото кршење на човековите права“, изјави претседателот на Бугарија.
Румен Радев ја даде изјавата денес во Софија по отворањето тридневен форум посветен на зелената транзиција.