– 14-тото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 17 до 24 август во Скопје.
По овој повод се одржа прес-конференција, на која беше објавена комплетната програма на фестивалот, на кој според организаторите ќе бидат проектирани околу 75 документарни филмови.
Ова издание на „МакеДокс“ е поддржано од бројни спонзори, меѓу кои и Агенцијата за филм на Северна Македонија и Институтот „Јунус Емре“ од Скопје.
Извршниот директор на фестивалот, Дарко Набаков, истакна дека 14. издание на „МакеДокс“ ќе се одржи под мотото „Пресечи“.
„Фестивалот на креативен документарен филм ‘МакеДокс’ оваа година фокусот го става на монтажата во документарниот филм. Во 8 фестивалски денови на 4 локации за проектирање: Куршумли ан, пред платото на Музејот на Македонија, Младинскиот културен центар и нашата нова локација, односно нашето ново летно кино Сули ан. Може да ви најавиме богата програма со над 100 странски гости присутни на фестивалот“, рече Набаков.
На оваа прес-конференција се обратија и Петрула Вељановска, дел од програмскиот тим на „МакеДокс“, и Сара Ферро, координатор на МакеКоПроДокс форумот, кои дадоа детали за програмата на фестивалот.