На социјалните мрежи се појавија фотографии кои на прв поглед изгледаат како да ги покриле улиците со густа снежна покривка.
Силно невреме со град и силен дожд го погоди во петокот градот Ројтлинген во германската покраина Баден-Виртемберг, пренесува магазинот Феникс.
На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои на прв поглед изгледа како густа снежна покривка да ги прекрила улиците на градот. Се забележува бел слој град кој за краток период достигна околу 30 см.
Токму овој слој град, како и лисјата ги блокираа одводните цевки, а водата ги поплави подземните гаражи, подруми и станбени згради. Нивото на реката Ехаза за пет минути порасна за 1,50 m, но за среќа не се излеа од коритата.
На улиците излегоа зимски плугови за да го расчистат високиот слој град.