Скриени знаци кои укажуваат на натпросечна интелигенција! Дали ги препознавате?

Психолозите тврдат дека големата љубопитност, неорганизираност и тврдоглавост, како и други квалитети се карактеристики на многу паметните луѓе.

Покрај специјализираните тестови кои користат задачи за откривање на нивото на интелигенција, постојат навики и тенденции за кои некои психолози тврдат дека се показатели за натпросечна интелигенција.

Карактеристиките на натпросечната интелигенција понекогаш се поврзани со вашите секојдневни навики , но и со вашите омилени вкусови.

Ова се помалку познати знаци дека имате натпросечна интелигенција:

Мислиш дека ништо не знаеш

Луѓето кои имаат натпросечна интелигенција често ќе се сомневаат во нивните способности, како што покажува студијата спроведена на студенти. Оние кои мислеа дека поминале лошо на тестот и го кажале тоа, всушност биле поинтелигентни од оние кои тврделе дека поминале добро!

Љубопитност

Ве интересира сè, дури и што би рекле другите „Кому му е гајле за ова?“. Интелигентните луѓе се во постојана потрага по нови искуства и знаења за светот околу нив.

Самоконтрола

Едно истражување вклучувало прашување на луѓето дали сакаат веднаш да добијат помала сума пари или да чекаат и да добијат повеќе подоцна. Оние кои чекаа подобро поминаа на тест за интелигенција.

Другите мислат дека сте тврдоглави

Повисоката интелигенција значи и дека човекот повеќе размислува. Секое ваше мислење е всушност сигнал дека внимателно сте измериле што ќе кажете за вашата позиција. Ова е причината зошто другите понекогаш мислат дека сте тврдоглави.

Обожавате чоколадо

Познато е дека флавонолите во чоколадото ја подобруваат меморијата и помагаат во расудувањето, а луѓето кои често јадат чоколадо се поуспешни од другите, покажуваат тестовите за интелигенција.

Одложувате

Ако ги одложите задачите до последен момент, ова може да биде неочекуван знак за висока интелигенција. Тоа значи дека избегнувате да брзате и рационално управувате со вашето време според приоритетите кои самите си ги поставувате.

Бучавата ве нервира

Ако претпочитате да работите во тишина, ова е ваша заедничка особина со многу големи генијалци како Франц Кафка или Чарлс Дарвин, кои инсистираа на мртва тишина за да се концентрираат.

Не веруваш во случајности

Оние кои одбиваат да веруваат во случајности, можат да видат врска што другите не ја гледаат. Тоа значи дека сте креативни, но и дека подобро ја анализирате вашата околина.

Ги завршувате туѓите реченици

Вашата емоционална интелигенција е толку голема што навистина „знаете“ што некој друг ќе каже.

Тоа го базирате на сите ваши минати искуства со таа личност, како и на предвидувањата за исходот од разговорот што се случуваат во вашата глава со молскавична брзина.