Еден од извршните директори на компанијата Гугл, Рајан Олохан, тврди дека технолошкиот гигант го отпуштил откако го одбил додворувањето на својата претпоставена Тифани Милер на една од прославите на компанијата.
Олохан (48) го обвини Гугл дека го отпуштил откако надредената Тифани Милер го допирала во ресторан во декември 2019 година и му кажала дека знае дека му се допаѓаат азиските жени.
Милер, исто така извршна директорка на Гугл, наводно го пипкала Олохан по стомакот, му дал комплименти за неговата фигура и му кажала дека на нејзиниот брак и недостига „зачин“, стои во судските документи, пишува Њујорк пост.
Наводната средба се случила за време на собир на вработени во компанијата, откако Олохан бил унапреден во директор и му се придружил на тимот на Милер.
Додека Олохан, оженет татко на седум деца, рече дека на почетокот му било непријатно да зборува за инцидентот бидејќи многу од неговите колеги биле пијани, тој подоцна решил да ја каже својата страна од приказната.
Олохан рече дека го пријавил проблемот во одделот за човечки ресурси на Гугл следната недела, но никогаш не дојде ништо од жалбата.
Олохан тврди дека Тифани Милер почнала да му се одмаздува откако поднел жалба во која го критикуваше и го пријави кај човечките ресурси за „микроагресија“.
Одмаздата, наводно, продолжила на настан организиран од Google во декември 2021 година, на кој Милер пијано го опоменувала Олохан пред колегите.
Милер подоцна се извини и „иако Гугл беше свесен дека нејзиното континуирано вознемирување на Олохан произлегува од неговото одбивање на нејзините обиди, тој повторно не презеде ништо“, се наведува во тужбата.
Олохан рече дека почнал да чувствува се поголем притисок од предпоставената. Следниот месец Гугл го отпушти Олохан, со што го прекина неговиот работен однос по 16 години во компанијата.
За време на видео-конференцискиот повик, Олохан рече дека му било кажано од истражувачкиот тим на вработени во Гугл дека бил отпуштен затоа што не бил „инклузивен“.