Пејачката Славица Ќуктераш го пријавила својот поранешен сопруг (поранешен голман) Владимир Аврамов во новосадската полиција поради заканите кои и’ ги упатувал.
– Приговорот ја поднела во средата, бидејќи Аврамов во неколку наврати и’ испраќал заканувачки пораки, а причината е спор околу старателството – вели изворот.
Од полициската управа во Нови Сад потврдија дека случајот е пријавен. Владимир моментално е во странство, а кога ќе се врати ќе биде сослушан и ќе му биде изречена итна забрана за задржување.
– Немам коментар. Нема да коментирам.. Се надевам дека ме разбирате – изјавила пејачката во кратката изјава.
Пејачката во јануари 2020 година потврди дека е разведена.
– Ништо сензационално. Кога човек има дете, приоритетите се менуваат и во целата приказна најважно е детето да ги има и двајцата родители. Има распаднат дом и има разделен дом, кога родителите не живеат заедно. Едно е кога детето живее во мир, а друго е кога детето не живее во мир – рече Славица кога зборуваше за разводот во српските ТВ емисии.