Словенечкиот филозоф Славој Жижек за N1 ја коментираше ситуацијата во регионот, нагласувајќи дека ја разбира официјалната политика на Србија во однос на војната во Украина, но смета дека тоа нема да се исплати на долг рок.
“Мислам дека е разбирлив прагматизам, да бидеме некаде помеѓу, да играме на двете страни и некако да профитираме. Се плашам дека долгорочно нема да се исплати таа политика бидејќи ќе дојде моментот на вистината. Ова многу ме загрижува за Србија”, изјави популарниот филозоф во емисијата Глобал Фокус.
Тој додаде дека се плаши дека Србија може да се приклучи на “рускиот воен проект против западната декаденција, таканаречената “денацификација”.
“Ако оваа логика, која сега е официјална руска логика, се пренесе на Балканот, потенцијално повторно сме во војна”, посочи тој, додавајќи дека смета дека не треба да се вовлекуваме во приказната дека конфликтот во Украина е конфликт во Евроазија и Западна Европа.
Запрашан дали оружјето може да ја запре војната во Украина, Жижек смета дека нема, но во моментов не гледа реална можност за мирно решение. Тој оцени дека, без оглед на приказните за солидарност со Украина, пред една година “тивката желба” на мнозинството во Западна Европа и САД била војната да заврши за 14 дена, по што меѓународната заедница ќе протестира против Русија, но и дека ќе се договорат за некаков мир.
“Фактот што Украина се спротивстави на Русија не беше нешто што го прифативме како одлична вест, тоа беше многу непријатно изненадување и за нас”, посетува Жижек.
Словенецот не е задоволен од тоа што Путин, кого го нарекува идеолошки “православен фундаменталист” и конзервативец, ги има симпатиите на некои од левицата. Тој, исто така, истакна дека е изненаден од германската партија Die Linke (левица) и нејзиниот прагматичен став: Зошто одиме против Русија, ако тоа го загрозува стандардот на нашите работници.
“Значи, нека пропаднат цели земји таму, само за да можеме да го зачуваме нашиот стандард”, се чуди Жижек.