За здрав живот потребна ви е и здрава храна.Содржи многу скроб а малку масти, па, добар е за деца, спортисти и дијабетичари, зошто дава енергија а не дебелее. Благиот компир е високоенергетски производ кој содржи многу скроб, а многу малку масти. Може да ги задоволи дневните потреби за исхрана зошто е богат со јаглехидрати, витамини (А, Ц, Е, Б6) и минерали (калиум, железо, магнезиум). Бета каротинот го стимулира функционирањето на имунолошкиот систем.
Тој е познат антиоксиданс кој е важен за добро функционирање на имунолошкиот систем (помеѓу другото и за превенција од алцхајмерова болест).
Само 140 грама од благиот компир ги обезбедува дневните потреби од витаминот Е, кој е многу важен, зошто штити од срцеви болести и затнување на крвните артерии. Благиот компир е добар за деца, спортисти и дијабетичари, зошто дава енергија а не дебелее. Во себе не содржи холестерол, што е важно за оние кои имаат проблеми со зголемените маснотии во крвта и жолчката. Благиот компир потекнува од Јужна Америка. Луѓето го употребуваат повеќе од 5000 години и денеска е широко распространета култура во тропските делови.
Најголем светски произведувач е Кина со 80 отсто од светското производство, потоа Индонезија и Уганда. За јадење благиот компир може да се подготвува како и обичниот компир – варен, печен, пржен и како пире. Подобро е да се подготвува на пареа отколку да се вари во вода.