Сладолед од лубеница: Летен десерт за врвно уживање!

Сладоледот од лубеницаМожете да уживате во
овој едноставен рецепт цело лето.

Состојки:
700 г лубеница,
излупена, со лимон или лимета,
250 мл грчки јогурт,
една лажица мед,
половина лажичка
екстракт од ванила,
рендано чоколадо, по желба

Подготовка:
Исчистете ја лубеницата од семките, исечете ја на помали коцки, па распоредете ја на плех обложен со хартија за печење. Ставете ја во замрзнувач најмалку три часа.

По истекот на тој период, извадете ја лубеницата и ставете ги замрзнатите коцки во блендер. Блендирајте додека не добиете мазна смеса.

Потоа додадете сок од лимон или лимета, мед и јогурт, па уште малку блендирајте. На крај, додадете малку екстракт од ванила. Добиената смеса префрлете ја во поголем сад и вратете ја во замрзнувач два до три часа. Вадете топчиња со топка за сладолед и по желба наросете со малку рендано темно чоколадо.