Една од најатрактивните Хрватки, Нивес Целзијус, која често предизвикува бура реакции кога објавува провокативна фотографија во провокативно издание, се најде во центарот на вниманието, кога на социјалните мрежи се појави нејзина гола како од мајка еодена.
Ниевес по овој повод итно се огласи!
Таа на својот Инстаграм профил ја објавила фотографијата и рекла дека се работи за лажна слика, а до неа ја ставила оригиналната и ги споредила.
„Можевме да се пошегуваме и да забележиме дека мајсторот на фотошоп малку брзал и заборавил да ја „вметне“ тетоважата” – напиша таа.
Тетоважата што ја споменува Ниевес се однесува на натписот „Propiedad de Dino“ кој е посветен на нејзиниот поранешен сопруг Дино Дрпиќ.
Нивес потоа објави уште една фотографија која беше фотошопирана – „За некои луѓе вистината е она што е поприфатливо за нив. Така, покрај многуте луѓе кои се јавија и беа згрозени од овој чин на лага – тие се свесни за опасноста за нашето општество и нашите деца. А тетоважата е урбана легенда. Ова е приказна која беше искористена како материјал за длабок ,,фејк“, објасни Нивес.