Светскиот шампион во велосипедизам Роан Денис објави семејна фотографија пред новогодишната елка на социјалните мрежи, само неколку дена пред да ја прегази сопругата со автомобил. На сликата објавена на Инстаграм, Денис (33) e прилично среќен покрај неговата сопруга Мелиса Хоскинс (32), исто така велосипедист и олимпиец и нивните две мали деца.
„Среќен Божиќ од нашето семејство до вас“, напиша тој на фотографијата.
Само четири дена подоцна, околу 20 часот во саботата, Денис ја удри Хоскинс со својот автомобил на улица во северниот дел на Аделаида. Хоскинс била однесена од местото со брза помош со сериозни повреди, но таа починала во болница, а полицијата подоцна го уапсила и го обвинила Денис дека ја предизвикал нејзината смрт.
Оттогаш се појавија неколку објави на социјалните мрежи во кои Денис позира со сопругата и нивните две деца. Пред само две недели, Денис објави слика од него и неговата сопруга како се смеат во автомобилот на пат кон свадбата на еден пријател.
,,Конечно успеав, конечно ја убедив сопругата да дојде со мене“, се вели во објавата.
На коментар на неговиот пријател: „Беше само прашање на време“, Денис одговори: „Беше многу потешко да ја убедам отколку што мислев“.
Денис беше двократен светски шампион во друмски велосипедизам и има олимписки сребрен и бронзен медал. На почетокот на минатата година тој најави повлекување од професионалниот велосипедизам.
Хоскинс го освои златото на Светското првенство во велосипедизам во 2015 година, соборувајќи светски рекорд во тој процес, а исто така двапати се натпреваруваше на Олимпијадата.
Таа за малку не успеа да добие медал во Лондон 2012. Двојката се венча во 2018 година и имаше две деца.