Слики од книгата „Секс“ на Мадона одат на наддавање

– Слики од популарната книга „Секс“ на американската пејачка Мадона оваа есен првпат ќе бидат понудени во аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк, како дел од прославата на 30-годишнината од објавувањето на контроверзното дело.

– И 30 години подоцна, „Сексот“ сè уште е, донекаде, контроверзна книга, но сепак – го поттикнува прифаќањето на телото и сексот… Повеќе од 40 ретки фотографии, потпишани од Мадона и модниот фотограф Стивен Мејзел, кој ги создал сликите, ќе се продаваат за 50.000 до 300.000 долари, изјави Дариус Хајмс, потпретседател на аукциската куќа Кристи.

Книгата беше продадена во повеќе од 1,5 милиони примероци, содржи фотографии на Мадона и други луѓе голи или симулираат секс. Ватикан им порача на своите следбеници да ја бојкотираат книгата, која е и забранета во земји како Ирска и Јапонија. Хајмс ги опиша фотографиите како еротски, а игриви.

– Колекцијата доловува миг во времето на еден од најголемите модни фотографи од неговата генерација, и кралица на попот. Иако има разиграност и кич, има и „голи класици“. Мислам дека (фотографиите) одекнуваат низ неколку генерации, рече тој.

Дел од приходите се наменети за непрофитната организација „Рајзинг Малави“, којашто во 2006 година ја основа Мадона, за да им помогне на сирачињата и децата од ранливите категории во африканската земја Малави.

Сликите што ќе се најдат на наддавањето во октомври ги избраа Мадона, Мејзел и Ентони Вакарело – креативен директор на модната куќа „Сен Лоран“, којашто лани во Мајами, САД, објави ограничено, второ издание на „Секс“.Сите 800 примероци од второто издание на книгата потпишани од пејачката, се распродадени.