Слободан Ивановски е нов в.д. директор на Финансиска полиција

Владата денеска донесе одлука за нови кадровски решенија. Така за нов директор на Управата за финансиска полиција го именува Слободан Ивановски, додека Џеват Селами е назначен за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Во однос на кадровските решенија Владата на Република Македонија донесе заклучок и му предложи на Собранието на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје, од должноста член на Надзорниот одбор на ЕВН Електростопанство на Македонија, Акционерско друштво за дистрибуција и снабдување со електрична енергија, Скопје претставник на Владата да го отповика Златко Лазиќ, а за член на Надзорниот одбор да го избере Бојан Николовски.

На позицијата в.д директор на Управата за финансиска полиција се именува Слободан Ивановски. Ивановски е магистер по правни науки со положен правосуден испит. Има долгогодишно работно искуство во Управата за јавни приходи, а во моментот е претседател за Комисија за прекршоци на УЈП – Регионална дирекција Прилеп.

Џеват Селами, е именуван за вршител на должноста директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Селами е дипломиран правник, членувал во повеќе работни група, бил професор во СУГС „Арсени Јовков“, а од 2013 до 2020 година бил раководител на одделение за управување со човечки ресурси, а во моментот е раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување“, стои во соопштението на Владата.