Словачка не е подготвена да ги предаде своите тенкови „Леопард“ на Киев бидејќи тие ги заменуваат борбените возила што веќе се испратени во Украина, соопшти словачкиот министер за одбрана Јарослав Наѓ.
– Договорот со Германија дека ветените Леопард 2А4 ќе бидат испорачани во Словачка сè уште важи, изјави Наѓ за словачката новинската агенција ТАСР доцна синоќа, пренесува ДПА..
Според договорот, еден тенк Леопард и беше предаден на Словачка во декември од тогашната министерка за одбрана Кристин Ламбрехт, а уште 14 треба да бидат испорачани до крајот на 2023 година.
Тие се дел од системот за размена на опрема управуван од германската влада за да обезбеди оружје индиректно на Украина преку сојузниците, познат како кружна размена.
Во текот на размената, Леопардите испорачани од Германија заменуваат 30 пешадиски борбени возила БМП-1 кои Словачка веќе и ги предаде на Украина.
Со цел да и помогне на Украина, Словачка е подготвена да разговара за трансферот на нејзините тенкови Т-72 од советско потекло, но Братислава ќе мора да добие соодветна замена, рече Наѓ.
– Тенковите Леопард, од друга страна, самите се замена за предадената опрема и затоа се незаменливи, додаде тој.