Словачкиот премиер Роберт Фицо неодамна беше во прва официјална посета на Бразил. Бидејќи актуелниот претседател Луис Инасио Лула да Силва во моментот не може да ги извршува своите должности поради здравствената состојба, Фицо беше пречекан од потпретседателот, кој го нарече „премиер на Југославија“, земја што пропадна пртед речиси 35 години.
Лула неодамна заврши на интензивна нега по итна операција на мозокот, па Фицо во Бразил беше пречекан од потпретседателот Џералдо Алкмин.
Почна добро: „Лула ме замоли да ти испратам топла прегратка и да ја споделам неговата среќа што ве пречекува“. А потоа се случи неверојатен гаф: „Инаку, ова е првпат премиер на Југославија да доаѓа во посета на Бразил и ние сме среќни и почестени“.
На листот од кој читаше Алкмин точно беше спомната Словачка, а не Југославија. Што се однесува до Фицо, кој го слушал Алкмин со помош на преведувач, оставил впечаток дека не го забележал пропустот, јавува „Блумберг“.
Тој рече дека се надева на „брзо закрепнување на Лула бидејќи на светот му требаат луѓе како него“.