Словачкиот претседател ја критикува ЕУ: Бугарската блокада е уцена за Северна Македонија

Словачка е на страната на Северна Македонија во процесот на интеграција. Ова е пораката на словачкиот претседател Петер Пелегрини за време на неговата официјална посета на Македонија, каде што беше пречекан со високи државни почести од претседателката на земјата Гордана Силјановска Давкова. Пелегрини упати остри тонови до Европската Унија за блокирањето на европскиот интегративен пат на Македонија.

„ЕУ презема ризици со овој процес. Ние, како Словачка, сме на ваша страна и ќе ве поддржиме на сите можни начини затоа што веруваме дека иднината на ЕУ лежи во проширувањето, а дел од сè тоа е безбедноста, особено во овој регион, и убеден сум дека имате силно место во ЕУ. Интеграцијата на земјата во ЕУ не треба да се злоупотребува со вакви политички спорови. Се согласувам со изјавата дека процесот на интеграција на вашата земја треба да се базира само на исполнување на критериумите и ниедна земја не треба да го злоупотребува, само за да може да се справи со сопствените проблеми и со тоа да го забави процесот на пристапување, што е речиси еден вид уцена“, изјави Петер Пелегрини, претседател на Словачка.

Силјановска го повтори официјалниот став на земјата дека процесот на интеграција треба да се базира на заслуги и дека не треба да се дозволи создавање политички вакуум за влијание врз други земји.

„Многу ми е драго што двајцата го делиме ставот дека проширувањето мора да се базира на Копенхашките критериуми, од кои не смееме да отстапуваме. Тоа значи дека мора да се базира на заслуги и на резултати. Не смее да зависи од дополнителни политички ирационални услови, кои на некој начин го узурпираат процесот на европска интеграција. Најдоброто решение за спречување на каков било вакуум или политичко влијание од трети страни е реинтегрирање во Европската Унија. Да имаме јасни гаранции дека имаме место таму“, изјави Гордана Силјановска Давкова, претседател на Македонија.

За време на средбата, двајцата претседатели потпишаа Меморандум за разбирање за економска соработка меѓу двете земји.