Веста за признавањето на палестинската држава на својот профил на Икс ја објави словенечката министерка за надворешни и европски работи Тања Фајон. Оцени дека ова е историски важен чекор и дека Словенија е на вистинската страна на историјата
Словенечкиот парламент синоќа со мнозинство гласови го одобри признавањето на Палестина.
Пратениците од владејачкото мнозинство го отфрлија барањето на главната опозициска партија, десничарската Словенечка демократска партија, која побара референдум по однос на прашањето за признавање на палестинската држава, што потенцијално можеше да го одложи гласањето во парламентот.
Признавањето на Палестина го поддржаа 52 пратеници од 90-члениот парламент. Ниту еден пратеник не се изјасни „против“, а преостанатите народни избраници не беа присутни на гласањето.
Веста за признавањето на палестинската држава на својот профил на Икс ја објави словенечката министерка за надворешни и европски работи Тања Фајон. Оцени дека ова е историски важен чекор.
„Почитувани луѓе на Палестина, денешната конечна одлука на Словенија е порака за надеж и мир. Ние веруваме дека само решението со две држави може да доведе до траен мир на Блискиот Исток. Словенија неуморно ќе продолжи да работи на безбедноста на двете нациите, Палестинците и Израелците“, порача Фајон на Икс.