Песната „Carpe Diem“ беше објавена вчера, а словенечкиот бенд „Joker Out“ ќе се натпреварува со неа на Евровизија и ќе се обиде да влезе во финалето на тоа натпреварување.
Песната беше премиерно изведена во специјалното шоу „Мисија Ливерпул“ на RTVSLO, а момците ја изведоа во живо во студио.
Набргу по премиерата, песната беше објавена и на официјалниот YouTube канал на Евровизија, каде за 12 часа собра повеќе од 100.000 прегледи.
„Браво Словенци, имате хит!“, „Ова мора да оди во финале“, „Одлична песна“, „Заразна и пристојна во исто време“ – гласеа коментарите на воодушевените фанови.
Сепак, Словенија во моментов е на 33. место на Евровизија.