Американска туристка е убиена во Замбија од слон кој ја извлекол од возилото и ја згазил!
Џулијана Гле Турно (64) од Ново Мексико била со група туристи кои застанале во близина на мостот Марамба во Ливингстон за да набљудуваат стадо слонови кога едно од животните ненадејно ја нападнало.
Полицискиот комесар во јужната провинција Ауксенсио Дака изјави за замбиската телевизија ZNBC дека слонот го одвлекол Турно од возилото и ја згазил до смрт.
Трагедијата, која се случи во средата, е втор фатален напад на слон врз американски турист во Замбија од почетокот на годината. Туристка беше убиена во април кога слон нападна камион сафари и го преврте.
Локалните власти ги предупредија посетителите да бидат внимателни кога гледаат диви животни.