Поради можноста за оштетување при транспорт, чувствителните предмети се обвиткуваат во заштитна обвивка со меурчиња, но тоа не била неговата првична намена.
Излегува дека обвивката со меурчиња всушност не е направена за да ги одржува вашите пакети безбедни при транспорт.
Имено, пластичната фолија која го ослободува „стресот“ всушност е направена да се користи како 3Д тапет. Обвивката со меурчиња беше измислена по грешка, кога обидот да се создаде текстурана позадина тргна наопаку.
Алфред Филдинг и Марк Шаванес го развија Bubble Wrap во 1957 година за да се користат како 3D позадина. Тие споија две завеси за туширање и потоа вметнаа воздушни џебови внатре.
Овој тренд на уредување на ентериерот очигледно не заживеал, па изумот го пренамениле за безбедна испорака на пакети. Многумина веруваат дека грешката се претворила во одличен резултат.
„Најголемиот изум по грешка“, е еден од коментарите, а некои заклучиле дека станува збор за изум кој им овозможува на децата и на возрасните моменти на среќа поради можноста да пукаат меурчиња.