СЛУЧАЈОТ КОЈ ГО ПОТРЕСЕ ЦЕЛИОТ БАЛКАН – Српската полиција трага по таткото монструм: “Малолетно девојче било бтурално малтертирано! Живеела во када а не можела ниту да оди ниту да зборува…“

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека трага по Урош Пашајлиќ (38 г.) од Белград поради сомнение за семејно насилство односно малтретирање на малолетничка, пишуваат соседните медиуми.

Да потсетиме, Ивана Л. (47 г.) пред четири дена пријавила во полициска станица  насилство од нејзиниот невенчан сопруг Урош Пашајлиќ, кој и нанел видливи физички повреди. Таа меѓу другото изјавила дека тој со години ја малтретирал и како роб го чувала своето дете кое живее во када за туширање, пренесуваат српските медиуми.

Заменик-јавниот обвинител дал наредба полицајците насилно да влезат во станот за да го уапсат таткото, бидејќи никој не ја отварал вратата. Кога влегле, Пашајлќ не бил во станот, но било пронајдено осумгодишното девојче, кое веднаш било испратено на докторски прегледи и било сместено во Домот за незгрижени деца, од каде е префрлена во детската клиника за подетални прегледи, бидејќи е констатирано дека детето е неухрането и малтертирано.

Девојчето е донесено во болница дехидрирано, гладно, во таква состојба што дури и докторите плакале кога ја виделе. Кога го добила првиот оброк, изгледала како да не јадела со недели.

Од Центарот за социјална работа на Србија вчера соопштија дека девојчето е многу подобро по хоспитализацијата и полека закрепнува.

Девојчето било во дом за незгрижени деца кога било утврдено дека и таткото и мајката и се зависници, но пред пет години судот ја доделил таа да живее кај нејзиниот татко и оттогаш изгледа таа живеела во најстрашни услови. 

Да не беше спасена, веројатно немаше да издржи уште многу“, пишува весникот Blic.rs.

Девојка која со години не ја видела светлината на денот, била брутално мачена и наводно живеела во кадата од нејзината бања. Ниту можела да оди ниту да зборува, сигурно преживеала пекол, а колку што се сеќаваме мајка и ја претепала мајка си во 2017 година“, изјавиле за Blic.rs жители од зградата во која се случи невидениот хорор.

Како што продолжиле да раскажуваат станарите, тие се сеќаваат дека мајката на девојчето завршила на психијатриско лекување, а старателството било доделено на таткото монструм.

Соседите велат дека таткото ја малтретирал и мајката на девојчето, а насилството потоа било пријавено. Последен пат ја виделе мајката пред три години.

Се сеќавам дека во тоа време гледавме една русокоса која седеше на скалите и плачеше, тоа беше мајката на девојчето, а од тој стан одвреме-навреме доаѓаа врисоци, но не знаевме дека тоа е дете. Мислевме дека е жена. Досега три пати сме се јавиле во полиција кога ги слушнавме тие звуци, но полицијаците доаѓаа до вратата и си заминуваа“, велат соседите за Blic.rs.

Жителите на зградата тврдат дека осомничениот, по кој полицијата интензивно трага, не се дружел со никој од зградата и дека изгледал многу опасно и дека никој не сакал да има контакт со него.

Соседот кој го пријавил насилството вели дека пред четири години забележал дека нешто не е во ред.

Осомничениот во последните четири години доаѓаше еднаш на три месеци со полни кеси од маркет, но не остануваше долго, ретко го гледавме. Исто така, можно е само да ги оставал торбите, а потоа да заминувал, а кутрото дете да било само таму, гладно, жедно“, раскажал еден сосед за споменатиот медиум.

децасемејно насилствоСрбија