– Единицата на Крајбрежната безбедност на САД соопшти дека тимовите на канадската Армија слушнале гласови под водата додека ја барале подморницата, што се изгуби при туристичка експедиција до остатоците на потонатиот брод „Титаник“, кој удри во ледениот брег во 1912 година и потона во Атлантскиот Океан.
Според писменото соопштение на Крајбрежната безбедност на САД, канадскиот воен авион за пребарување открил одредени звуци под вода за кои сметаат дека можно е да доаѓаат од подморницата.
Сѐ уште не е јасно дали овие звуци доаѓаат од подморницата за која станува збор, а се вели дека овие звуци се слушнале на интервали од 30 минути и дека сѐ уште не е добиен некој позитивен резултат од пребарувањата во ова подрачје.
Од друга страна, Крајбрежната безбедност на САД информира дека во подморницата во која се наоѓаат 5 лица, останал кислород за 28 часа.
– Во изгубената подморница се наоѓаат 5 лица –
Во подморницата се наоѓаат британскиот милијардер Хемиш Хардинг, сопственик на „Action Aviation“; пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман Давуд; Стоктон Раш, основач и главен извршен директор на компанијата „OceanGate“; како и Пол Анри Наргеоле, француски пилот на подморница.
Картата за осумдневната експедиција со подморницата до остатоците на Титаник изнесувала 250.000 долари.
Инаку, бродот Титаник потона на 15 април 1912 година во Атлантскиот Океан. Во несреќата загинале над 1.500 лица.