СМИР ги повикува Македонците со исламска религија во Албанија да се попишат тоа што се – Македонци

Сојузот на Македонците со исламска религија ги повика граѓаните на Албанија, Македонци по етничка припадност, а муслимани по верска припадност да не потклекнуваат под никаква закана и да се изјаснат тоа што се – Македонци.

Ги повикуваме нашите сонародници во Албанија на пописот кој е во тек да не дозволат никој, ама никој и по ниедна цена да им ја менува нивната македонска етничка припадност и по цена на не знаеме какви пасоши и привилегии да им се нудат“, стои во повикот на СМИР.

Порачуваат дека се е менливо освен етничката припадност.

Барањето Бугари во чисти македонски етнички средини преку разни емисари ќе предизвика тешки историски последици по идните поколенија. Сте биле, сте и останете и понатаму она што единствено сте Македонци“, се наведува во пораката на СМИР, потпишана од претседателот Латиф Пајкоски.

Пораката доаѓа по зачестените посети на бугарски високи претставници, меѓу кои и потпретседателката Јотова на областа Голо Брдо населена главно со Македонци со исламска вероисповест и притисокот врз нив да се попишат како Бугари, нудејќи пасоши и друга помош.

АлбанијаМакедонијаполитикапописСМИР