Климатските промени не се закана за далечната иднина, бидејќи тие веќе влијаат на секојдневните временски услови и ги принудуваат луѓето да мигрираат, соопшти во петокот Светската метеоролошка организација (СМО).
Омар Бадур, шеф на Одделот за следење на климата при СМО, изјави дека инвестициите во обновливи извори на енергија се од големо значење.
„Климатските промени директно или индиректно се поврзани со развојните предизвици со кои денес се соочуваат многу земји. Инвестициите во обновливите извори на енергија треба да бидат вклучени на различни нивоа на управување“, рече Бадур и додаде:
„Истражувањето и развојот се недоволно финансирани, особено во земјите во развој, и тоа мора да се промени бидејќи тоа е единствениот начин да се финансираат практични и одржливи решенија за адаптација на климатските промени.
Истакнувајќи дека екстремната топлина и врнежите во голема мера ја погодија северната хемисфера во последните месеци, тој додаде дека светот, исто така, бил сведок на обилни врнежи и поплави.