Австралиските власти испратија џиновски океански брод со илјадници автомобили Tesla и KIA назад во Јужна Кореја.
Бродот најпрво треба темелно да се исчисти бидејќи на него се откриени инсекти кои предизвикуваат непријатност само по самото име, а се познати и кај нас. Станува збор за бродот „Glovis Caravel“, со капацитет од околу 6.500 возила.
Бродот е вратен во Јужна Кореја. Таму ќе биде подложен на посебен третман, вклучувајќи целосна дезинфекција и чистење на бродот за да се отстранат сите смрдливи бубачки. Имено, пронајдените инсекти претставуваат закана за австралиското земјоделство и природа.
На бродот првично му беше дозволено да влезе во Австралија, каде што беа истоварени ограничен број автомобили на Tesla. Но, набрзо било откриено дека во нив имало инсекти.
Веб-страниците за следење на бродови покажуваат дека бродот моментално е на пат кон јужнокорејското пристаниште Пјонгтак. Покрај непријатниот мирис, овие инсекти се хранат со сите видови култури.
Интересно, ова не е првпат „Glovis Caravel“ да биде отповикан поради биолошки ризик. Од 2018 година тоа се случило неколку пати, а еднаш и во 2023 година.