Владимир Путин претрпе уште една голема загуба во неговата војна на украинскиот фронт, откако руски бомбардер Су-34, вреден повеќе од 40 милиони евра, беше соборен во заседа во источна Украина.
Рускиот двомоторен авион со две седишта е соборен над областа Луганск, потврди портпаролот на украинската војска Андриј Ковалев.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат пламен и чад како извира на ноќното небо откако бомбардерот наводно бил соборен.
Судбината на рускиот екипаж во Сухој-от останува нејасна.
На многу делови од фронтот вво Украина руските сили имаат загуби, па се повеќе и почесто се појавуваат извештаи за соборени авиони
– Вкупно, според податоците на Генералштабот, од почетокот на руската инвазија на Украина, Москва изгубила 332 авиони. Им благодариме на нашите херои за одличната работа – изјави украинскиот функционер Антон Герашченко.
Кремљ загуби извесен број од своите ловци-бомбардери Су-34, како во воздушните напади, така и во операциите кон некои од украинските аеродроми.
Рускиот воен телеграмски канал FighterBomber веднаш го оспори тврдењето на украинските вооружени сили.
Не е јасно како точно Украина ја исполни задачата – но не е првпат нејзината војска да импресионира со прецизноста со која цели на такви авиони.
Во декември украинската војска собори четири Сухои за само две недели.