Метју Пери, саканиот Чендлер од серијата „Пријатели“, беше погребан пред три дена, а неговите колеги тешко се справуваат со оваа ненадејна загуба.
Како што пишува DailyMail, се вели дека смртта на Пери била особено тешка за актерката Џенифер Анистон, во која бил вљубен со години.
„Од преостанатите пет, Џен и Кортни Кокс се мачат најмногу, а Џен е веројатно таа која најтешко се справува со тоа. Ова е втора голема загуба за помалку од една година, а годишнината од смртта на нејзиниот татко е скоро пред врата. Оттогаш таа се уште не застана целосно на нозе, а сега ова навистина ја докрајчи“, открил изворот.
Нејзиниот татко Џон Анистон почина на 89-годишна возраст минатата година, а неговата смрт длабоко ја вознемири неговата единствена ќерка. Во тешките моменти, Анистон се потпираше на нејзиниот поранешен сопруг Џастин Теру, од кого се разведе во 2017 година.
Во петокот актерката пристигна на гробиштата Форест Лон во Лос Анџелес и заедно со колегите од сетот учествуваше на погребната церемонија на саканата пријателка.
„Сите сме целосно уништени од загубата на Метју. Бевме повеќе од колеги. Ние сме семејство“, објаснија Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер во заедничката изјава по смртта на Пери.