Може да се каже дека зимската сезона веќе пристигна на северот на Шведска. Во средата, метеоролошката служба издаде портокалово предупредување за снег и ветер во комбинација со снежни врнежи во делови од внатрешноста на северниот дел на Норботен, при што некои градови се силно побелени.
Добро и навистина ни дојде зимата, барем судејќи по фотографиите кои ни пристигнуваат од Шведска, каде деновиве преовладуваат вистински зимски услови.
Кируна во Лапонија има висина до 40 сантиметри снег, што е најголема количина на снег во овој дел од годината во последните 118 години. Локалниот сообраќај е привремено во прекин, како и училишните автобуси во центарот на Кируна и Јукасјарви. Исто така, нема да има собирање смет поради временските услови, а општина Кируна на својата официјална веб-страница побара од сите жители да ги сменат зимските гуми на своите автомобили.
Обилните снежни врнежи во комбинација со летните гуми на дистрибутивните камиони значеа и дека поголемиот дел од дистрибуцијата на весници во Малмфалтен не беше испорачана во текот на ноќта, пишува Норботенс-Курирен.
Шведскиот септемвриски рекорд за висина на снег е 62 сантиметри во Сосјо во Јамтланд, а толку снег падна на 28 септември 1954 година.