Снежна лавина затрупа работници во Индија: Армијата спаси 16 од 57 затрупани градежни работници, барајќи други, застрашувачки сцени од Хималаите (ФОТО/ВИДЕО)

Индиската армија спаси 16 градежни работници од лавина на Хималаите, трага по 41 сè уште заробени.

Најмалку 41 градежен работник се заробени во снежна лавина во близина на индиската граница со кинескиот регион Тибет, соопштија денеска локалните власти.

Инцидентот се случил во близина на преминот Мана во северната индиска држава Утараханд, а 57 градежни работници првично биле затрупани под снег.

Спасувачките тимови на индиската армија досега спасиле 16 работници.

Полицијата соопшти дека тројца од нив се пренесени на лекување во воена болница, а во тек се напори за пронаоѓање на останатите исчезнати во неповолни временски услови.

Во регионот на Хималаите, кој е силно погоден од глобалното затоплување, лавините се вообичаени.