Снема струја во Газа

Во Газа снема електрична енергија откако нејзината единствена електрана остана без гориво.

По нападот на Хамас изминатиот викенд, Израел воведе опсада на Газа, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија, гориво, храна, стоки и вода.

Тоа значи дека луѓето во Газа ќе се потпрат на генераторите за електрична енергија, ако имаат гориво за да ги користат.

Властите во Газа претходно предупредија дека единствената централа наскоро ќе остане без гориво, поради израелската опсада.

Претходно оваа недела, Израел соопшти дека го прекинува преминот на струја, гориво и вода преку границата.