Сонцето стана поактивно отколку што експертите предвидуваа дека ќе биде во овој момент, а денес е забележана голема експлозија на југоисточниот раб на Сонцето.
Најголемата сончева активност денес ни доаѓа од далечната страна на Сонцето. Имено, огромната испакнатост експлодирала, а во анимацијата што можете да ја погледнете овде , можете да го видите исфрлањето на короналната маса, која не била насочена кон Земјата.
Во последните неколку дена, истражувачите посветија посебно внимание на следење на нов активен регион кој неодамна ненадејно се појави, порасна и се подели на два дела. Вчера тој регион почна значително да „придонесува“ за пожарот, а се случи и поголема експлозија.
Во последните 24 часа се забележани 10-тина послаби експлозии, што се очекува и во следните 24 часа. Научниците даваат само пет проценти шанса дека ќе се случат посилни експлозии во наредниот ден, но веруваат дека во иднина ќе има се повеќе и повеќе.
Причината поради која се случуваат вакви експлозии е поголемата активност на Сонцето кое го минува својот 11-годишен циклус. Нормално е Сонцето да стане поактивно кон крајот на тој циклус, но научниците се загрижени што овој пат стана активно многу пред очекуваниот врв.
Силните експлозии и топлотните бури на Сонцето можат да предизвикаат последици и на Земјата, а најмногу е погодена технологијата. Во минатото веќе имаше прекин во работата на телеграфскиот систем во Европа и САД токму поради соларна бура која ја погоди и Земјата.