Во нападот загинаа околу 130 луѓе, а многумина беа повредени
Пустош, ужас – ова се зборовите со кои може да се опише она што остана од концертната сала „Крокус сити хол“ по завчерашниот пекол за време на терористичкиот напад во Москва.
По страшното, континуирано пукање и видео снимки на луѓе кои бегаат низ ходниците на салата и центарот, следеше подметнат пожар , што ја отежна хаотичната ситуација, па покрај лекувањето на ранетите и потрагата по терористи, неопходно беше да го изгаснат пламенот и да ги спасат луѓето кои го преживеале пукањето, но останале заробени во зградата.
Воздушниот поглед на она што остана од прекрасниот комплекс е зачудувачки. Огромна дупка останала на местото на пожарот. Оние кои завчера се нашле на ова место преживеале вистински пекол.
Snimak iz drona dan posle napada u Moskvi pic.twitter.com/H2cEhMAAaH
— Rade Fantastični (@RFantasticni) March 23, 2024
Од видеото се гледа и дека противпожарните единици и денеска дежураа пред центарот.
Во нападот загинаа околу 130 луѓе, а многумина беа повредени.
Одговорноста за овој напад ја презеде Исламската држава.
Уапсени се повеќе лица, како и четворица непосредни сторители.