Фудбалскиот клуб Легија од Варшава објави видео од апсењето на српскиот фудбалер Радован Панков по натпреварот на клубот во Холандија против АЗ Алкмар.
Панков и капитенот на Легија, Жозе, по мечот беа извадени од клупскиот автобус и со полициско возило однесени во полициска станица. Ноќта ја поминале во затвор, а еден ден подоцна се вратиле во Варшава .
Панков беше обвинет дека турнал обезбедувач кој паднал и му ја скршил раката.
Легијата сега објави половина час долго видео од целиот настан. Може да се види како Панков е апсен како криминалец, а на видеото може да се слушне и како полицајците го тепаат претседателот на Легијата.
Полјаците во видеото наведоа дека „холанѓаните покажаа ксенофобија, агресија и дискриминација“.
Видеото од апсењето можете да го погледнете од 21. минута од видеото.