Снимка од земјотресот со јачина од 8,8 степени по Рихтер во Камчатка, Русија, кој предизвика предупредувања за цунами во Јапонија и Хаваи

Објавени се неколку слики кои наводно го прикажуваат моментот кога силен земјотрес го погодува регионот Камчатка во Русија.

Како резултат на тоа, како што објавуваат странските медиуми, тоа предизвикало паника и масовни евакуации.

Земјотресот со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во раните утрински часови и предизвика значителна штета во околните области.

Властите најавија цунами до 4 метри во некои делови од регионот.

Предупредувања за цунами беа издадени и за Јапонија, Алјаска и Хаваи.

На жителите во крајбрежните области им е наредено веднаш да се евакуираат.