Видеата на еден турист кој неодамна ги посети Северна Кореја и главниот град Пјонгјанг ги прегледаа речиси пет милиони корисници на TikTok. Се прикажува секојдневието на граѓаните, но многумина сметаат дека сцените се невообичаени за град со повеќе од три милиони жители.
@skinnhandske Suburbs of Pyongyang, North Korea #northkorea #travel #traveltiktok #travelbucketlist ♬ God‘s promise – daniel.mp3
Во коментарите повеќето напишаа дека е невообичаено што нема метеж или дека има многу пешаци, со прилично мирна атмосфера. Тие исто така мислат дека Пјонгјанг изгледа како времето да застанало таму, бидејќи архитектурата и облеката што ја носат луѓето потсетуваат на периодот пред 30 години.
– Како некој да отворил временска капсула. Дисциплината е очигледна, но се чини дека не е по нивен избор – беше еден од коментарите под снимката, додека други додаваат како градот изгледа мирно, но на морничав начин.
@skinnhandske People of Pyongyang, North Korea #northkorea #travel #traveltiktok #travelbucketlist ♬ Jacob and the Stone (Slowed) – Emile Mosseri & sped up + slowed
Северна Кореја вообичаено не е популарна туристичка дестинација, поради строгите правила за влез и однесување во земјата. Туристите не смеат да снимаат злонамерна содржина, која ја навредува земјата и нејзините граѓани или ги прикажува во лошо светло. Исто така, пожелно е да не го критикуваат режимот.